Дигитализирање на вашите податоци
Целокупната содржина на вашиот продукт се дигитализира и опишува по GS1 GDSN атрибутите.
Постојат два начини на дигитализација на продуктот и внесување на податоците во
GS1 Каталогот:
- По претходна обука внесувањето на продуктите го врши Ваш вработен, а проверката
ја правиме ние во GS1 Македонија.
- Внесувањето на податоците и проверката ја врши GS1 Македонија
Процедурата кога продуктот го Внесува GS1 е следен:
- Пријавување: продуктот (храна или друго) во оригинална амбалажа и содржина се доставува
до GS1 Македонија. Продуктот се заведува со неговиот GTIN
- Мерење: се мери тежината и димензиите на пакувањето, што е од клучно значење при
доделување на простор во магацин или во маркет
- Фотографирање: се врши фотографирање на продуктот од повеќе агли во висока резолуција
- Внесување на податоци: се дигитализираат сите податоци од етикетата и пакувањето
- Податочен квалитет: се прави посебна проверка на квалитетот на податоците и фотографиите
- Објавување: продуктот и податоците се објавуваат во каталогот
- Проверка: на дигитализираните податоци дали се во согласност со препораките на АХВ
и ЕУ за новото означување на храната
- Споделување: информациите и сликите можете да ги споделувате со своите партнери
или на социјалните мрежи
Фотографирање на продукт
Продуктите кои немаат дигитална фотографија ги фотографираме со висока резолуција и истите ги поставуваме во GS1 Каталогот од каде може да се користат во маркетинг цели, изработка на каталози, флаери итн.
Понуда/Побарувачка
Оваа услуга Ви овозможува полесна продажба на продуктите што ги нудите преку поврзување со деловни партнери кои се заинтересирани за Вашиот тип на понуда. Овој дел Ви овозможува и поставување на побарувачка од продукти кои и се потребни на вашата компанија, како репроматеријали и слично. Со синхронизацијата на каталогот со останатите GS1 Каталози Вашите Понуди/Побарувачки стануваат достапни до десетици илјади компании ширум светот.
Статистички анализи и студии на пазарот во Република Македонија
Размислувате да пласирате нов продукт во Република Македонија и сакате да знаете колкав процент од пазарот е покриен со тој продукт? GS1 Каталогот врз основ на статистичките податоци со кои располага и податоци кои дополнително ги обезбедува од соодветните институции во Република Македонија може да ви ја понуди оваа услуга.
Рекламирање во електронските и печатените материјали на GS1 Македонија
Промовирајте ги своите услуги и продукти преку во изданијата на GS1 Македонија кои стигнуваат директно до електронските адреси и поштенските адреси на нашите членки.
Рекламирање на порталот GS1 Каталог
Поставете рекламен банер на сајтот на GS1 Каталог и зголемете ја видливоста на Вашата компанија и услугите или продуктите кои ги нудите.