Дигитализирање на вашите податоци

Целокупната содржина на вашиот продукт се дигитализира и опишува по GS1 GDSN атрибутите.

Постојат два начини на дигитализација на продуктот и внесување на податоците во GS1 Каталогот:

  • По претходна обука внесувањето на продуктите го врши Ваш вработен, а проверката ја правиме ние во GS1 Македонија.
  • Внесувањето на податоците и проверката ја врши GS1 Македонија

Процедурата кога продуктот го Внесува GS1 е следен:

  • Пријавување: продуктот (храна или друго) во оригинална амбалажа и содржина се доставува до GS1 Македонија. Продуктот се заведува со неговиот GTIN
  • Мерење: се мери тежината и димензиите на пакувањето, што е од клучно значење при доделување на простор во магацин или во маркет
  • Фотографирање: се врши фотографирање на продуктот од повеќе агли во висока резолуција
  • Внесување на податоци: се дигитализираат сите податоци од етикетата и пакувањето
  • Податочен квалитет: се прави посебна проверка на квалитетот на податоците и фотографиите
  • Објавување: продуктот и податоците се објавуваат во каталогот
  • Проверка: на дигитализираните податоци дали се во согласност со препораките на АХВ и ЕУ за новото означување на храната
  • Споделување: информациите и сликите можете да ги споделувате со своите партнери или на социјалните мрежи

Фотографирање на продукт

Продуктите кои немаат дигитална фотографија ги фотографираме со висока резолуција и истите ги поставуваме во GS1 Каталогот од каде може да се користат во маркетинг цели, изработка на каталози, флаери итн.

Понуда/Побарувачка

Оваа услуга Ви овозможува полесна продажба на продуктите што ги нудите преку поврзување со деловни партнери кои се заинтересирани за Вашиот тип на понуда. Овој дел Ви овозможува и поставување на побарувачка од продукти кои и се потребни на вашата компанија, како репроматеријали и слично. Со синхронизацијата на каталогот со останатите GS1 Каталози Вашите Понуди/Побарувачки стануваат достапни до десетици илјади компании ширум светот.

Статистички анализи и студии на пазарот во Република Македонија

Размислувате да пласирате нов продукт во Република Македонија и сакате да знаете колкав процент од пазарот е покриен со тој продукт? GS1 Каталогот врз основ на статистичките податоци со кои располага и податоци кои дополнително ги обезбедува од соодветните институции во Република Македонија може да ви ја понуди оваа услуга.

Рекламирање во електронските и печатените материјали на GS1 Македонија

Промовирајте ги своите услуги и продукти преку во изданијата на GS1 Македонија кои стигнуваат директно до електронските адреси и поштенските адреси на нашите членки.

Рекламирање на порталот GS1 Каталог

Поставете рекламен банер на сајтот на GS1 Каталог и зголемете ја видливоста на Вашата компанија и услугите или продуктите кои ги нудите.