Опис
Компанијата ЛАКИ ГРИЦ произведува солени грисини под брендот ЛАКИ ГРИЦ. Грисините се веќе познати на македонскиот и на пазарите во соседните земји. Се изработуваат од најквалитетно брашно Тип 500, со три различни вкуса - ким, кикиритка и сусам. Пакувани се во ПВЦ дуплекс фолија, со препознатлив дизајн, за количина од 150 грама со виолетова боја и за количина од 60 грама во зелена боја. Покрај овие две пакувања имаме и рефус пакување од 3 килограми, исто така со трите вкуса.
|