Девет производи кои можат да се користат и по истекот на рокот
на употреба
Навикнати сме да веруваме во ситните броеви кои се наоѓаат на пакувањето на секој
производ и кои го означуваат рокот на употреба. Професионалците кои се занимаваат
со оваа проблематика нагласуваат како непотребно исфрламе храна, бидејќи голем број
на производи можат да се употребуваат и не се штетни за организмот и по истекот
на рокот на употреба.
Според британските стручњаци рокот на употреба на некои производи кој по закон мора
јасно да биде назначен на производот не секогаш е реален показател за квалитетот
на храната, односно голем број на продукти се совршено добри за употреба и по истекот
на рокот на употреба втиснат на пакувањето.
Нагласуваат дека оваа пракса се однесува и на свежите производи, кои и по истекот
на рокот на употреба не се штетни за организмот.
- Млеко
Може да се употребува и до недела дена по истек на рокот на употреба нанесен на
пакувањето. Млекото лесно се приметува доколку е расипано по изгледот, вкусот и
мирисот и нема да го консумирате доколку се сомневате во неговата исправност.
- Кечап
Доколку го чувате кечапот во ладилник, истиот може да биде безбеден за употреба
и до шест месеци по истекот на рокот на употреба. Нормално доколку забележите мувла
или чуден мирис нема да го консумирате.
- Маслиново масло
Рокот на траење на маслиновото масло е до две години, за да ги задржи хранливите
својства препорачливо е да се чува на ладно и темно место каде нема да се расипи.
- Кисели краставици
Рокот на траење на киселите краставици кога се отворат е и до година дена доколку
ги чувате во ладилник. Истото важи и за маслинките.
- Оцет
Рокот на траење на оцетот е речиси бесконечен. Доколку се случи да настане талог
или промена на бојата оцетот ќе биде и понатаму ќе биде безбеден за употреба.
- Мед
Добриот мед не ги губи својствата и по долго чување, затоа е добар да се употребува
се додека не се потроши.
- Кафе
Пакувањето на кафе кое е отворено и кое сте го заборавиле, добро е за користење
и до три па и до пет месеци по рокот на истек на употреба. Зрната на кафе не ги
губат својствата и по пола година.
- Путер
Путерот е безбеден за употреба и по две недели од истекот на рокот на употреба,
доколку е во замрзнувач може да се употребува и до девет месеци од истекот на рокот
на употреба.
- Зачини
Цимет, бибер, црвен пипер и речиси сите зачини ги задржуваат своите својства и до
две години по истекот на рокот за употреба, но важно е истите да се чуваат во стаклена
амбалажа на суво и темно место.