Декларација на производот (без состојки)
Декларација | Јазик |
ПРОАКНЕ КРЕМ е козметички препарат наменет за нега на лице и тело
ДЕЈСТВО:
ПРОАКНЕ КРЕМ содржи прополисен екстракт изготвен со единствена формула на D-r Bacheff– спец. дерматолог. Основните биоактивни супстанци во прополисот се флавоноиди и флавони со кои пчелите се штитат од микроорганизми.
Се употребува за нега на проблематична кожа на лицето и телото. Ја негува и штити кожата од надворешни влијанија и микроорганизми, го намалува воспалителниот процес кај пубертетски мозолчиња, чиреви и иритации од бричење и депилација. Салицилната киселина ефикасно ги отвора комедоните на кожата и овозможува пристап на активните супстанци на прополисниот екстракт до оштетената кожа со што дополнително ја зголемува ефикасноста на прополисот.
После употреба кожата останува здрава и мазна.
Контраиндикации: Препаратот не смеат да го употребуваат лица со преосетливост кон некоја од состојките. Во случај на преосетливот кон препаратот или некоја негова состојка, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог. | македонски |