Декларација | Јазик |
Опис на вкусот:
Нашата Станушина е румено вино со интензивна арома на јагода, малина и сув лист. Станушината е вино за секој ден и секоја прилика, со траен впечаток на свежина и леснина. | македонски |
Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата годна. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата. Грозјето се береше рачно во средина на октомври од место со 600 метри надморска височина. | македонски |
Создавање на виното:
Произведено е по технологија за создавање на црвени вина
Ферментација со цели зрна грозје во траење од 10 дена при контролирана температура, аерација и со внимателен избор на селекционирани квасци
Обработките за бистрење на ова вино се посебни | македонски |