Декларација | Јазик |
Опис на виното:
Ова Шардоне е извонредно суво бело вино со нежно жолта боја со зеленкасти нијанси. Има атрактивни, повеќеслојни ароми на ананас, сладок цитрус и зрела круша, a се чувствува и мала пикантност. Вкусот е нежeн и балансиран со добро изразена свежина и пријатен финиш. | македонски |
Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите. | македонски |
Создавање на виното:
- Набрано од внимателно одбрани лозја
- Рачна берба во раните утрински часови
- Грозјето се меле и се отстрануваат дршките
- 8 часовна ладна мацерација во присуство на ензими за подобра екстракција на ароми
- Пресување и бистрене на ширата
- Алкохолна ферментација при строго контролирана температура и со примена на посебен вид селекционирани квасци во траење од 15-18 дена
- Процеси на бистрење и стабилизирање на виното | македонски |