Декларација | Јазик |
Опис на виното:
Темјаника е извонредно бело вино со светложолта боја и зеленкасти нијанси. Аромата е комплексна, интензивна и карактеристична за сортата. Доминираат цветно-овошните ноти на роза и босилек во комбинација со сладок цитрус и слатко од смоква. Вкусот е нежен, свеж и хармоничен. Се дефинираат вкусовите на сува смоква и кајсија, кои му даваат на виното нежна заобленост, сладост и трајност.
| македонски |
Берба:
По умерените температури во февруари, пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите. | македонски |
Создавање на виното:
- Рачно берење на грозјето во раните утрински часови
- Посебна технологија која ги зачувува аромите од оваа сорта на грозје
- Посебни режими на мацерација и пресување со што е можно најмало присуство на воздух
- Користени се најновите енолошки производи-ензими, квасци и бистрители кои ги зачувуваат аромите на ова деликатно вино. | македонски |